Чави во градското дерби дебитира на клупата на Барселона и веднаш се соочи со проблеми

Чави Ернандес како фудбалер се стекна со статус на легенда во Барселона. Сега, Чави започнува нов предизвик во каталонскиот гигант, како тренер.

Дебито на тренерската клупа Чави ќе го има вечерва на „Камп Ноу“ и тоа против градскиот ривал Еспањол. Двете екипи сезонава освоија по 17 бодови и се на средината од табелата.

„Сега сум посмирен отколку кога бев фудбалер. Сега треба да ги преточам моето знаење кон играчите. Сега ни претстои дерби. Тоа е специјален меч. Како играч бев дел на многу дерби дуели, имам постигнувано и голови. Фудбалерите треба да дадат 100 отсто од можностите. Очекувам поддршка и од трибините за да имаме дополнителна сила. Ние сме Барселона и треба да бидеме обединети. Нашата цел е да победуваме. Барселона треба да освоува трофеи. Сега сме на позиција на која не заслужуваме да сме“, рече Чави.

Проблем за Чави ќе биде тоа што ќе има само еден вистински напаѓач на располагање за овој меч, бидејќи поради најразлични причини нема да играат Агуеро, Брајтвајт и Фати.

„Го имаме Мемфис Депај, а тој е многу важен играч во тимот. Тој може да направи разлика. Може да игра како центарфор или по крилната позиција“, вели Чави кој е оптимистички расположен и очекува да дебитира со победа.

 

- Оглас -

Најнови вести