Чеферин испрати писмо до првиот човек на ФИФА, бара промени во правилото за игра со рака

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, испрати писмо до првиот човек на Светската фудбалска куќа Џани Инфантино, во кое бара да се воведат промени околу правилото за судење прекршок при игра со рака. Чеферин не сака повеќе прекршок во случај кога топката случајно удира во раката на играчот, без разлика дали таа е природна позиција.

„Духот на фудбалот мора да се сочува. Според моменталните одлуки на судиите, се создаваат фрустрации кај клубовите, но и кај навивачите, а строгоста за судење прекршок при игра со рака доведе до многу неферски ситуации. Многу често се случува топката случајно да удри во раката од играчот, а за тоа судиите носат одлука покрај прекршокот да употребат санкција, односно да покажат картон“, стои во дел од писмото кое го испрати Чеферин до ФИФА.

Најнов ваков случај се виде вчера на „Стемфорд бриџ“, во победата на Челзи од 3-0 против Рен. При вториот досуден пенал за Сините, ударот на Абрахам заврши прво во ногата на Далберт, а потоа се одби во неговата рака, по што Челзи доби најстрога казна во своја полза, а за Далбер значеше втор жолт картон и исклучување.

Дали Инфантино ќе прифати да се воведат промени, ќе покаже времето.

- Оглас -

Најнови вести