Чеферин: ЛШ и ЛЕ мора да се доиграат до 3 август

Александар Чеферин, претседателот на УЕФА, постави рок до кога би требало да се заврши сезоната во Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Според него, сезоаната во двете натпреварувања треба да се доигра до 3 август, а постојат неколку начини да се одиграат натпреварите.

„Сезоната во ЛШ и ЛЕ мора да се заврши до 3 август. Јасно е дека живееме во кризно време и сме во незгодна ситуација, па затоа сме флексибилни со датумите. Доколку кризата заврши порано, тоа значи дека порано ќе се вратиме на обврските. Можеби натпреварите ќе се одвиваат според нормалниот формат, а можно е учесниците во наредните рунди да се одлучуваат со еден одигра меч, на неутрелен терен. Секако една од опциите е да се игра во фајнл-ејт или фајнл-фор формат. Не би сакале да го загрозиме здравјето на играчите, ниту на луѓето кои обожуваат фудбал, но со преземени мерки не би требало да биде проблем да се доврши сезоната“, истакна Чеферин за една германска телевизија.

Клупските европски натпреварувања се прекинати како и речиси сите шампионати во Европа поради пандемијата со Коронавирусот. Иако Фечерин даде рок, засега ситуацијата не покажува подобрувања и тешко дека ќе се испочитува рокот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести