Чекаа една и пол година, Штркчињата со прва историска прволигашка победа

Екипата на МЗТ Скопје Уни банка вечерва испиша историја бидејќи за првпат откако е прволигаш, извојува победа. Вториот тим на МЗТ во кој претежно играат млади кошаркари, ја изненади Академија ФМП со 88-77, и дојде до првата прволигашка радост.

Штркчињата предводени од тренерот Борче Даскаловски, ја играат својата втора прволигашка сезона. Најзаслужни за прекинот на постот без победа кој траеше една и пол година, беа Лука Савичевиќ со 21 поен, Роберт Монтгомери со 19 поени со 20 скока, Максим Митевски со 15 поени и Дарио Митевски со 11 поени.

Ова беше петти меч за МЗТ Уни банка сезонава, а со победата најавуваат дека нема да се предадат и дека ќе се борат за опстанок.

 

- Оглас -

Најнови вести