„Чеканот“ е посилен од „топчиите“

Вест хем го победи Арсенал минимално со 1:0 во првиот меч од 22. коло во Премиер лигата. „Чеканите“ се радуваат благодарение на погодокот на Деклејн Рајс во 48 минута. Со 19 години и 363 денови, Рајс е првиот тинејџер кој дал премиерлигашки гол за Вест хем по пауза од речиси една деценија. Последен пат тоа го имаше направено Жуниор Станислас во ноември 2009 година.

На овој меч продолжи една тренерска традиција. Мануел Пелегрини никогаш нема загубено на свој терен во дуел на тим кој го водел Унаи Емери. Ова беше седми дуел на кој Пелегрини е домаќин на Емери и успеа да победи петти пат, а две средби завршиле нерешено.

По овој кикс, Арсенал остана на 41 бодови, а Вест хем стигна до 31 бод и се искачи на осмото место на табелата. Во Премиер лигата, попладнево се играат уште шест меча, а утре е дербито мечу Тотенхем и Манчестер јунајтед.

 

- Оглас -

Најнови вести