Челникот на Мароканската федерација за Ламин: Не познавам Шпанец кој се вика Жамел

Шпанија и Мароко се пласираа меѓу осумте најдобри репрезентации во светот, а ако Шпанија ја совлада Белгија и Мароко ја победи Франција, овие два тима ќе се сретнат во полуфиналето.

Во таков случај, во центарот на вниманието ќе биде Ламин Јамал, а првиот удар веќе го зададе претседателот на Мароканската фудбалска федерација, Фузи Лекџа. На младиот Јамал не можат да му простат што избрал да ја претставува Шпанија, а не Мароко.

Во интервју за Onze Mondial, мароканскиот претседател зборуваше нашироко за шпанскиот репрезентативец.

Ја почитуваме одлуката на Жамел. Никогаш не сме го промениле нашиот став кон него или кон неговото семејство, кои, како што јас разбирам, често доаѓаат да ги поминат своите одмори, особено во северните провинции, во нивната татковина. Тие секогаш ќе бидат добредојдени“, рече Лекџа.

Веднаш потоа продолжи со доза на иронија. 

„Ламин Жамел. Не познавам ниту еден Шпанец по име Жамел“.

- Оглас -

Најнови вести