Челзи го доби лондонскиот дуел и останува сигурен за ЛШ (Видео)

Челзи не дозволи изненадување на својот „Стемфорд Бриџ“ и со 2:0 го победи Фулам, во меч од 34. коло во Премиер лигата. Со оваа победа, Челзи стигна до 61 бодови и сега има шест повеќе од петопласираниот Вест хем, кој во понеделник ќе гостува кај Барнли.

Каи Хаверц беше стрелец на двата гола за Челзи, а германскиот репрезентативец погоди по еднаш во двете полувремиња. Уште по 10 минути игра, Челзи стигна до посакуваната предност, а на почетокот на второто полувреме Хаверц уште еднаш ја затресе мрежата на Фулам, кој сега има само теоретски шанси да се спаси од испаѓање.

https://twitter.com/i/status/1388534444441706501

 

- Оглас -

Најнови вести