Челзи ќе израмнува сметки со западнолондонскиот ривал

1801 Аугсбург – Баер Леверкузен (20.30 часот)

Бундеслигашкото коло почнува со дуел на два тима кои загубија во минатиот викенд. Аугсбург има три порази во последните четири кола, а налетот и победничката низа на Баер беа запрени од Борусија и треба да се види како ќе реагираат. Ова се два тима коишто имаат само по три нерешени игри во досегашните 18 кола. На стартот на сезонава во август, Аугсбург победи со 2-1 во Леверкузен, па сега Фармацевтите имаат мотив да се реваншираат. Баварците дома никогаш не го победиле Баер, па против себе ја имаат и традицијата.

Предлог тип: 2 (1.85)

 

1656 Остенде – Андерлехт (20.45 часот)

Остенде е во криза, освои само еден бод во последните седум кола, претпоследен е на табелата во белгиската лига и ја има најлошата одбрана со примени 51 гол на 23 средби. Андерлехт игра променливо, во последните три кола има по еден пораз, победа и реми, а има само една победа во пет кола. Остенде не славел против овој трофеен ривал уште од 2019 година, но и Андерлехт одамна не победил во Остенде.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.93)

 

1001 Челзи – Фулам (21.00 часот)

Ова е шанса за публиката на „Стемфорд бриџ“ да поздрави дел од новите засилувања на Челзи, па домашните се фаворити во едно од лутите лондонски дербија. Фулам има два порази од по 0-1 по ред, а Сините во претходните две кола освоија четири бода и исто така играа неефикасни мечеви со 0-1 гол. Фулам е тим со поефикасен напад, но и полоша одбрана од Челзи. Пред неполн месец, Фулам го победи Челзи со 2-1, време е за одмазда. Лани и преклани Челзи дома победуваше против Фулам со по 2-0.

Предлог тип: 1 & 1+ пол. (2.17)

 

1303 Атлетик Б. – Кадис (21.00 часот)

Баскијците се во криза, имаат три порази едноподруго и ова им е шанса конечно да освојат бод или три. Кадис се бори за опстанок, а тие се втор најнеефикасен тим во лигата. Кадис има серија од пет меча со 0-2 гола, а на последните две гостувања во Билбао победуваше со по 1-0. Но, во август на стартот на сезонава, Атлетик на гости славеше против Кадис со 4-0.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.62)

 

1012 ВБА – Ковентри (21.00 часот)

Двата тима се во спротивно расположение. За Вест Бромич во минатото коло заврши победничката серија, а Ковентри победи и запре црна серија без победа. ВБА има само три бода повеќе од гостинот на табелата во англискиот Чемпионшип. Во декември, Ковентри дома го победи ВБА со 1-0. ВБА дома ги доби сите мечеви од 1 ноември наваму.

Предлог тип: & 0-3 (1.60)

- Оглас -

Најнови вести