Челзи сепак ќе го задржи Вилијан

Челзи ќе се обиде да го задржи искусниот Вилијан, на кого му истекува договорот по крајот на сезоната. Бразилецот посакува да остане на „Стемфорд бриџ“ подолг период, но политиката на клубот е да не обновува соработка со играчи постари од 31 година на повеќе од една сезона.

Сепак, Сините овојпат ќе направат престап со тоа што му нудат на Вилијан да го брани дресот на лондончани во следните две сезони. За искусниот крилен играч се интересираат неколку екипи од Премиер лигата, најзагреани се Арсенал и Тотенхем, а Челзи нема намера без отштета да им даде засилување на градските ривали.

Вилијан се покажа како клучна алка оваа сезона под палката на Френк Лампард, особено откако ја презеде улогата на лидер по заминувањето на Еден Азар и има уште многу да понуди. Вилијан оваа сезона настапи на 41 натпревар во кои забележа 10 погодоци и седум асистенции.

- Оглас -

Најнови вести