Челзи со светска акција покажа зошто е европски првак (Видео)

Со акцијата во 56-тата минута, што беше прекрасна, играчите на Челзи покажаа зошто се актуелни европски прваци, а со гол ја круниса Хаким Зијех.

Мароканецот само стави шлаг на тортата што ја подготвија Хадсон Одои со два исклучително добри потези и Кај Хаверц, кој му помогна на Одои да дојде во ситуација да му асистира на Зијех.

https://twitter.com/LDNFootbalI/status/1455610985683857409?s=20

Со тој гол Челзи ги освои бодовите во Шведска и со 9 бода, но и меч повеќе се израмни со Јувентус на врвот на табелата во Х групата. Малме со Ердал Ракип во тимот загуби по четврти пат и остана последен без постигнат гол и без ниту еден бод.

Шведскиот тим веќе нема никакви шанси за настап во нокаут-фазата во Лигата на шампионите, но шансите да продолжи во Лигата на Европа не се загубени.

Во вториот меч што се играше од 18.45 часот вечерва Волфсбург со 2:1 го победи Салцбург.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести