Челзи во тајност договори трансфер вреден 60 милиони евра

Францускиот репреентативец Кристофер Нкунку е подготвен да се пресели во Челзи, пишуваат повеќе светски медиуми. Напаѓачот на Лајпциг поминал лекарски прегледи под контрола на доктори од Челзи и сега се чека само објава на трансферот кој треба да се случи во 2023 година.

Нкунку има само 24 години и минатата сезона беше прогласен за најдобар играч во Бундеслигата, што покажува каков квалитет поседува. Неговиот биланс за минатата сезона во германското првенство беше 34 одиграни меча, во кои имаше постигнато 20 погодоци, а додаде и 13 асистенции.

Откупната клаузула на Нкунку од Лајпциг изнесува 60 милиони евра, а не се знае дали тој ќе го облече дресот на Челзи во јануари или дури по завршување на оваа сезона, односно во летниот преоден рок.

- Оглас -

Најнови вести