Чешка направи пресврт за ЕП, Косово останува противник на Македонија

Чешка забележа голема победа против Косово од 2:1, доволна за пласман на Европското првенство што ќе се игра следната година и ни го остави соседот за противник во полуфиналето на Лигата на нациите.

Во рок од само 480 секунди, домаќините во П’лзен приредија пресврт со головите на Крал и на Челустка и го победија Косово со 2:1.

Гостите поведоа со голот на Нухиу во 50-тата минута, но загубија и испаднаа во трката за настап на ЕП преку квалификациите.

Англија ја декласира Црна Гора со 7:0 и е прва во групата А со 18 бодови и ќе патува на ЕП со Чешка, која има 15 бода, пред Косово со 11 на едно коло до крајот.

Блиску до настап на ЕП во мисија да се одбрани европската круна се и Португалците по победата од 6:0 против Литванија.

Кристијано Роналдо постигна хет-трик, а стрелци беа и Пици, Пасиенсија и Бернардо Силва. На Португалија ѝ треба победа против Луксембург на гости во последниот меч за да се визира пасошот за ЕП.

Србија има еден бод помалку од нив откако вечерва го победи Луксембург со 3:2. Славеше и Франција против Модлавија со 2:1 и го потврди учеството на ЕП 2020.

Изненадување со реми против Албанија од 2:2 приреди Андора како гостин во меч што се играше само за престиж бидејќи и двете селекции немаат шанса за настап на ЕП.

- Оглас -

Најнови вести