Чешка не е баук – Македонија со победа ќе биде во топ 12 во Европа!

Македонската ракометна репрезентација е подготвена за нов голем предизвик, дуелот против Чешка, во рамките од второто коло на Европското првенство во Виена. Нашите најдобри ракометари веќе имаат еден триумф, тој против Украина, додека Чесите загубија на стартот од домаќинот Австрија. Во една таква ситуација, Македонија со победа сигурно ќе биде меѓу првите две селекции во групата, а со тоа ќе обезбеди и пласман во групната фаза, меѓу најдобрите 12 во Европа.

Чешка е противник против Македонија има одиграно дури 14 меча. Ривалството трае поведе од 20 години. Првиот голем меч е на ЕП 1998 година и тоа е најболниот пораз на Македонија на континенталните натпреварувања (38:18). Сепак, тоа што се случило пред повеќе од две децении е далечно минато. Многу посвеж е споменот од јуни 2017 година кога Македонија победи со убедливи 33:20.

Во вкупниот биланс, Чешка има шест победи, Македонија се радувала пет пати, а три меча завршиле нерешено. Време е денеска да биде израмнет и дуелот во меѓусебниот биланс, а со тоа Македонија да се радува на пласман во главната фаза. Чешка воопшто не е баук, а ракометарите на теренот треба да го докажат квалитетот кој несомнено го имаат.

 

- Оглас -

Најнови вести