Четири години чекаше гол, вчера даде два и има ремек-дело што потсети на легендарниот Рене Игита (Видео)

Бен Гаручо ретко постигнува голови, чекаше дури четири години за да затресе противничка мрежа, а чекањето вредеше според ремек-делото што го направи на меч од австралиското првенство.

Со популарниот удар, „скорпија“ Гаручо постигна прекрасен гол и потсети на легендарниот голман Рене Игита.

Гаручо потоа постигна уште еден гол што не му се случило во кариерата, а неговиот тим Вестерн јунајтед победи против Вондерерс со 3:2.

Гаручо е лев бек што има настапувано и во Европа, за шкотскиот клуб Хартс. Интересно е што 26-годишниот бек во целата професионална кариера досега има постигнато само четири гола и два се на мечот што се играше вчера во најсилната лига на Австралија.

 

- Оглас -

Најнови вести