Покер на Вардар, петарда на Шкендија и шестка на Шкупи во Купот на Македонија, сите ги надмина Академија Пандев со победа од 9:0 против Љуботен

Вардар, Шкендија и Шкупи постигнаа четири, пет и шест гола во осминафиналето на Купот на Македонија, но трите реномирани екипи што имаат титули и во најмасовното натпреварување и во првенствата на нашата земја ги надмина Академија Пандев со победа од 9:0 против Љуботен.

Струмичани апсолутно доминираа на теренот и до врв ја наполнија мрежата на најстариот фудбалски клуб во Македонија и лесно се пласираа во четвртфиналето.

Вардар со 4:0 ја победи Фортуна, Шкендија со 5:0 го декласира Скопје, а Шкупи со шестка ја испрати Воска.

Во дербито на колото, Струга Трим Лум го победи Работнички со 2:1 и ќе игра во четвртфиналето, а Брегалница беше подобра од Пелистер и победи со 1:0.

Силекс во прволигашка пресмета на гости го елиминира Тиквеш со триумф од 1:0, а Победа и Македонија Ѓорче Петров ќе играат на 19 октомври, кога ќе биде комплетиран составот на сите четвртфиналисти во националниот Куп на Македонија.

 

- Оглас -

Најнови вести