Четворица играчи на Еспањол оздравеа од Коронавирусот

Четворица фудбалери на Еспањол кои беа заразени од Коронавирусот се пуштени од болница, соопштија шпанските медиуми. Вкупно шестмина играчи на каталонскиот тим беа заразени од опасниот вирус, а во болница останаа кинескиот играч за врска, Ју Леј и уругвајскиот дефанзивец Леандро Кабрера.

Играчите кои се пуштени од болница сепак ќе останат во домашна изолација и во следните 15 дена ќе се следи нивната ситуација.

Во Шпанија од Коронавирусот синоќа почина поранешниот претседател на Реал Мадрид, Лоренцо Санс.

- Оглас -

Најнови вести