Четворица играчи на Сампдорија веќе го немаат корона-вирусот

Сампдорија беше една од екипите кои беа меѓу најпогодените од корона-вирусот. На последното тестирање на фудбалерите било утврдено дека четворица играчи кои беа заболени од опасниот вирус, сега веќе се излекувани, односно успеале да го надминат корона-вирусот.

„Сампдорија може да соопшти дека четворица играчи кои беа заразени со корона-вирусот сега се негативни на тестот“, стои во официјалното соопштение од клубот.

Според протоколот, клубовите во Италија на 18 мај ќе може да започнат со нормални тренинзи, а првенството треба да продолжи на 13 јуни.

- Оглас -

Најнови вести