Пред осминафиналниот натпревар од Светското првенство помеѓу Франција и Парагвај, легендарниот голман на јужноамериканската репрезентација, 60-годишниот Хозе Луис Чилаверт, се огласи со навредливи расистички зборови кон Триколорите.
Но, тоа беше негова реакција откако екс францускиот репрезентативец Кристоф Дугари рече дека Французите ќе го згазат Парагвај и дека Парагвајците немаат офанзивен капацитет.
Чилаверт кој е познат како човек без влакна на јазикот, и често дава навредливи изјави, жестоко му одговори на Дугари.
„Во право си Кристоф. На СП во 1998 игравме против Франција, а сега Парагвај ќе игра против африканска репрезентација“, рече екс голманот кој беше познат и како голгетер бидејќи добро шутираше пенали и слободни удари.
Чилаверт го бранеше голот на Парагвај на СП 1998 кога беа елиминирани од Франција во осминафиналето со 0-1.

