Чиро Имобиле денеска ја доби „Златната копачка“ за минатата сезона

Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, денеска на свеченост во Рим ја прими „Златната копачка“, како најдобар стрелец во Европа за сезоната 2019/2020.

На свеченоста присуствуваа и градоначалничката на Рим, Вирџинија Раџи, и претседателот на Лацио, Клаудио Лотито.

„Досега Златната копачка ја имав гледано само на фотографии. Ова е огромна сатисфакција за мене. Горд сум, и би сакал наградата да им ја посветам на навивачите. Поубаво ќе беше ако имаше и навивачи. Благодарност до семејството кое е клучно за моите успеси, а мислам и дека целиот тим на Лацио треба да биде горд на ова. Најголемите успеси се постигнуваат со тимска работа. Јас си го исполнив сонот, ова е доказ дека секој може да ја оствари целта која ја посакува“ – рече Имобиле кој сега си посакува и европска титула со репрезентацијата на Италија.

- Оглас -

Најнови вести