Чиста поезија е трката во Струга, пријавете се за настан што не се пропушта во мај (Фото)

Стружани во свој стил повторно ќе ја организираат „Трката на поезијата“ што ќе се одржи на 22 мај годинава, а регистрацијата и пријавувањето за учество се веќе во тек.

Убавиот спортски настан и пред се одлична дружба во македонскиот туристички бисер на Дрим ќе има три трки.

Главната трка е на 10 километри, рекреативната на 5 километри и детската на еден километар.

Учество на главната трка пријавија неколку реномирани атлетичари и атлетичарки меѓи кои се Билјана и Весна Кираџиеви, Александар Кираџиев, Дарио Ивановски, Игор Јакимовски, Милош Ранчиќ…

Мотото на трката веќе е познато, а стружани ве канат на убав спортски настан со „Ела да трчате со нас“.

Ќе има и награди, а пријавувањето почна на стартот од февруари, па не ги пропуштајте и попустите за пријавување во порана фаза и на 105 дена пред стартот на трите трки.

Сите детали и информации за Трката на поезијата во Струга ќе ги најдете на следниов ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести