Чориќ ќе го предизвика Федерер за финале во Дубаи

Борна Чориќ го совлада Николоз Басилашвили со 2-1 во сетови (4-6, 6-2, 7-6) во четвртфиналната пресметка на АТП 500 турнирот во Дубаи. Хрватскиот тенисер беше подобар од Грузиецот во одлучувачкиот тајбрејк, иако се најде во негатива по првиот сет.

Басилашвили на стартот му одзеде сервис на Хрватот за 2-1 во гемови, а при првата сет-топка поведе со 1-0. Чориќ одговори и возврати тројно, направи три брејка и со 6-2 дојде до брзо израмнување. Грузиецот успеа да се врати по 4-1 негатива во гемови и да изнуди тајбрејк, но Чориќ го освои со 7-1, па Хрватот си закажа полуфинале со Роџер Федерер.

Швајцарецот претходно со 2-0 во сетови (7-6, 6-4) беше подобар од унгарскиот тенисер Мартон Фушович.

- Оглас -

Најнови вести