„Човекот робот“ му кажа збогум на фудбалот

Питер Крауч одлучи да стави крај на дведецениската фудбалска кариера. Англичанецот кој стана популарен по „човекот робот“ прославата, на 38 години се реши да ги обеси копачките на клин.

Крауч кариерата ја започна во лондонскиот тим на Тотенхем, дресот на Петлите го носеше во два мандати. Во изминативе 23 години играше уште за девет англиски клубови, меѓу кои се: Портсмут во два наврати, Норвич, КПР, Ливерпул, Астон вила, Саутхемптон, Стоук, Барнли, додека како младинец кратко време беше на позајмица во нисколигашот Дулвич.

За сите овие екипи запиша вкупно 677 настапи, на кои постигна 187 гола во сите натпреварувања, додека најдолго се задржа во дресот на Стоук, каде што играше цели осум сезони. За англиската репрезентација одигра 42 натпревари и 22 пати беше стрелец за Гордиот Албион.

Крауч ќе се памети по многу фантастични погодоци, но тие беа засенети во истиот момент кога ги прославуваше со познатото „робот танцување“.

- Оглас -

Најнови вести