Човекот што го водеше Реал до седмата и осмата европска круна има Коронавирус

Лоренцо Санс е хоспитализиран во болница во Мадрид со симптоми на Коронавирус и се наоѓа на интензивна нега. Поранешниот претседател на Реал Мадрид, кој беше на чело на најтрофејниот европски клуб од 1995 до 2000 година, има 76 години и е во најризичната возрасна категорија заразена од опасниот вирус.

Санс беше на чело на Кралскиот клуб кога беа освоени седмата и осмата европска круна, со победи во финалето во Амстредам во 1998 година против Јувентус и две сезони подоцна по триумфот над Валенсија во Париз.

Токму во 2000 година Лоренцо ја напушти позицијата, откако на изборите за претседател на Реал Мадрид загуби од актуелниот прв човек на Кралевите, Флорентино Перес.

- Оглас -

Најнови вести