Човекот што ја одведе Грција до европскиот трон, денеска е избран за нов претседател на фудбалската федерација

Некогашниот капитен на грчката фудбалска федерација, Теодорос Загоракис е избран за нов претседател на фудбалската федерација на оваа земја. Загоракис е лидерот на златната генерација на Грција од Европското првенство во 2004 година, кога станаа европски шампиони.

Загоракис беше избран за најдобар фудбалер на турнирот, а како капитен, имаше чест прв да го крене шампионскиот пехар.

Во играчката кариера, Загоракис два пати го носеше дресот на солунски ПАОК и тоа во периодот од 1992 до 1998 година, а потоа и од 2005 до 2007 година. Играше и за Лестер, АЕК и Болоња.

На денешното собрание, Загоракис доби 66 од 68-те гласови во изборот за претседател на фудбалската федерација на Грција.

 

- Оглас -

Најнови вести