Чуден предлог за Бејл: Биди фраер за да те сакаат навивачите на Реал

Герет Бејл мора да биде похрабар, да биде фраер, ако сака да се наметне кај навивачите, но и кај соиграчите во Реал Мадрид, коментира Рафаел ван дер Варт, поранешниот играч на актуелниот европски првак.

Ван дер Варт вели дека кај Бејл отсуствува желбата да биде главен играч во Реал, иако според него, Велшанецот има квалитети за такво нешто.

„Мора да се однесува исто како во Тотенхем. Да биде похрабар, да се наметне како лидер. Во последната година во Тотенхем тој одлучуваше за сè на теренот. И сега мора да биде така, иако во Реал тоа е малку потешко. Но, го платија 100 милони евра и мора да се обиде да ја оправда довербата. Има квалитет за тоа, но мора сам да донесе одлука“, додава Холанѓанецот.

Бејл некако постојано е во сенка во Реал Мадрид, а има често и проблеми со повредите, па не успеа да се наметне и да потврди дека вредеше трансферот од Тотенхем во Кралскиот клуб за 100 милиони евра, како еден од највредните во историјата на фудбалот.

- Оглас -

Најнови вести