Чудесниот Милосављев и мајсторот Гидсел го урнаа европскиот првак

Фуксе Берлин е прв финалист во ракометната Лига на шампиони во машка конкуренција, откако попладнево на фајнал форот во Келн го совлада бранителот на титулата Магдебург, со 40-35.

Голманот Драган Милосављев е јунакот на тимот од Берлин. По водството на Магдебург од 32-31, Милосављев релиси 10 минути не прими гол и со серија одбрани го откажа првакот. Гидсел со 9 голови и Фрајхофер со 8 беа најефикасни кај Фуксе.

Тимот од Берлин и лани беше финалист, тогаш загуби од Магдебург, па денеска им се реваншираа и Европа ќе добие нов ракометен првак. Во финалето, Фуксе ќе игра со Алборг или Барселона.

- Оглас -

Најнови вести