Јокиќ и Јанг се добитен тандем за плус поени

8001 Орландо меџик – Детроит пистонс (НБА, 01 часот)

Ова е дерби на дното во Источната конференција во НБА-лигата на двете најслаби екипи.

Орландо е единствената од вкупно 30 екипи во НБА што сè уште нема двоцифрен број победи и ноќеска имаат шанса конечно во 50-тиот меч да стигнат до десеттиот триумф.

Меџик се без магија сезонава и ја имаат втората најлоша одбрана во Источната конференција зад Шарлот хорнетс со најмногу примени кошеви.

Ниту Детроит не е многу подобар, со биланс 11-36 се наоѓа на претпоследното место во Лигата.

И во меѓусебните дуели се скромни со поени, па ќе одиграме на минус или да има помалку од 211 поени.

Предлог тип: <211,5 поени (1.91)

 

8453 Шарлот хорнетс – Лос Анџелес лејкерс (НБА, 01.30 часот)

Шарлот хорнетс урна неколку клупски рекорди во победата од 158:126 пред два дена, а тимот е еден од најефикасните во НБА лигата.

Најефикасниот кошаркар на тој меч, Кели Убре јуниор веројатно нема да игра, заедно со Гордон Хејворд, но Хорнетс имаат одлични замени и ќе атакуваат на нова победа.

Лејкерс лесно загубија од Филаделфија минатата ноќ, а играа без Леброн Џејмс. Можно е еден од најдобрите кошаркари на сите времиња да игра против Шарлот, а тоа би бил голем поттик за Лејкерс, по кам-бекот и на Ентони Дејвис.

Двете екипи имаат неколку екстра-ефикасни меѓусебни дуели во последно време и ќе типуваме дека и ноќеска ќе постигнат заедно повеќе од 225 поени.

Предлог тип: >225,5 поени (1.64)

 

8339 Тре Јанг (НБА, Атланта хоукс – Бостон селтикс, 01.30 часот)

Тре Јанг моментно е петти стрелец во НБА-лигата со просек од 27,7 поени и има шанси и да напредува бидејќи првиот кошгетер во Лигата, Кевин Дурант, не игра.

Јанг е лидерот на оваа генерација кошаркари на Атланта од која се очекува многу, па дури и во некоја од годините што доаѓаат и да ја донесе втората шампионска круна во градот на Кока-колата, по единствената што ја има клубот освоена во 1958 година.

Тре е еден од најдобрите бекови во НБА, а има само 23 години и прекрасна перспектива.

Против Бостон редовно игра одлично и на пет од последните шест настапи за Атланта против нив лесно ја минуваше границата од 26 поени, што е поставена за него во Sport Life.

Предлог тип: >26,5 поени (1,90)

 

 

8533 Хјустон рокитс – Портланд трејлблејзерс (НБА, 02 часот)

И двете екипи играат брза кошарка и често на нивните дуели има многу поени. Хјустон е тимот со најмногу примени кошеви во Западната конференција, точно 5.600, или во просек по 117 на меч.

Кај Портланд има тројца важни кошаркари што нема да играат ноќеска. Се повреди и Насир Литл, кој играше во одлична форма во последно време, ќе го нема и Роберт Ковингтон, а оддамна не игра првата ѕвезда Демиен Лилард.

Добро за Трејлблејзерс е што се врати Си-Џеј Мекалум, втората НБА-ѕвезда на тимот, а замената за Лилард, Енферни Симонс, покажува дека има одлична иднина и достојно го заменува отсутниот Олстар-играч на Портланд.

Статистиката што оди во прилог на прогнозата дека и ноќеска двете екипи заедно ќе ја минат границата од 229 поени е што во серија на последните 10 меѓусебни натпревари беа постигнувани повеќе од 230 поени.

Предлог тип: >229,5 поени (1.64)

 

8555 Никола Јокиќ (НБА, Њу Орлеанс пеликанс -Денвер нагетс, 02 часот)

Никола Јокиќ игра неверојатна кошарка и реди трипл-дабл учиноци како од шега. Српскиот центар на Денвер е топ-кандидат за МВП на регуларниот дел и ако продолжи да игра во овој стил, наградата ќе биде негова.

Моментно е стрелец број 7 во НБА, со просек од 26,2 поени, но го има во Топ-10 и во двете важни категории, според бројот на скокови и асистенции.

На Њу Орлеанс на последниот меч во декември му даде дури 39 поени, што е петти пат по ред да дава повеќе поени од предвидената граница за дуелот што следува ноќеска.

Очекуваме нов ефикасен меч на Јокиќ и повеќе од 26 поени за продолжување на низата што ја има против Пеликанс.

Предлог тип: >26,5 поени (1,87)

 

 

- Оглас -

Најнови вести