Чудното „поздравување“ на Ѓоковиќ со тениската трева (видео)

Новак Ѓоковиќ се наоѓа во Лондон каде ги поминува последните подготовки за следниот Гренд слем за оваа сезона, Вимблдон. Претходно вежбаше на трева во родниот Белград, а потоа отпатува за англиската престолнина, каде денес за првпат ја проба тревата.

На неговиот „Инстаграм“ профил се појави видео како тој прави несекојдневен ритуал. Неговото „поздравување“ со тревата го започнува со нежно галење на теренот, а потоа ја бакнува раката и со истата поминува под пазувите.

Инаку, Ѓоковиќ ја бакнуваше тревата по освојувањето на четирите титули на Вимблдон, а оваа година ќе сака да го направи тоа по петти пат.

- Оглас -

Најнови вести