Чудо невидено е што утна Мората – Сакаше атрактивно, ја скрши штиклата и испадна комично (Видео)

Алваро Мората сакаше на атрактивен начин да ја затресе мрежата на Аталанта на почетокот на мечот, но прописно се посрамоти.

По контранападот на Јувентус, Кристијано Роналдо не успеа да го совлада Голини, но топката како на тацна му се одби на зицер на Мората, а шпицот на Старата дама на празен гол се обиде со петица да му донесе предност на домашниот тим и промаши од само пет метри.

https://twitter.com/Route1futbol/status/1339265366237724673?s=20

Утка на вториот најдобар стрелец во тимот што долго ќе се памети и ќе конкурира за фудбалско промашување на годината.

 

- Оглас -

Најнови вести