Чудото на Ливерпул од пред 125 години се случи повторно

Фудбалерите на Лутон таун на крајот од минатата сезона се изборија за пласман во Лига еден, што е трета лига по ранг во Англија. Тимот не само што успеа да оди едно натпреварување напред, туку успеа да постигне нешто на кое се чекаше повеќе од еден век.

Лутон „гази“ и во оваа лига, па по 41 меч, тимот е лидер со 25 победи, 12 нерешени и само четири порази. Имаат 87 бодови, што е осум повеќе од Барнсли и Сандерленд и се пред промоција во Шампионат лигата. Освен овој успех, Лутон стана првата екипа по пауза од 125 години која успеала во првата сезона по промоцијата во повисок ранг, да има 28 средби без пораз. Претходно тоа во англискиот фудбал му имаше успеано само на Ливерпул во сезоната 1893/94.

https://twitter.com/AccaTrackerTM/status/1115270084736499712

 

- Оглас -

Најнови вести