Чудото наречено Лајпциг направи нешто што никогаш на Баерн не му успеало

Можеби за некого помалку изненадувачки, но сепак сосема заслужено Лајпциг како лидер во Бундеслигата ќе ја пречека 2020 година. Тимот кој никогаш не бил првак на Германија има 37 бодови, два повеќе од Борусија Менхенгладбах и три повеќе од актуелниот првак Баерн Минхен.

Нападот е главното оружје на Лајпциг. Со 48 погодоци во 17 меча, Лајпциг го има најдобриот напад во топ-5 лигите, со просек од 2,82 погодоци на меч. Манчестер сити досега даде 50 гола, но на 18 меча и тоа е просек од 2,77 гола на меч. Потоа следува Барселона со 47 гола во 18 натпревари, а Аталанта во Серија А се израдува на 43 гола во 17 дуели.

Лајпциг сезонава успеа да постави еден интересен рекорд во Бундеслигата. Тоа е првиот тим кој успеал на осум меча по ред да даде барем по три гола. Шоуто започна со неверојатниот триумф од 8:0 против Мајнц, а потоа даваа по четири гола против Херта и Келн. По три гола Лајпциг даде на дуелите против Падерборн, Хофенхајм, Борусија, Фортуна и Аугсбург.

- Оглас -

Најнови вести