Чудото од дете на Дортмунд испиша историја на Европското првенство

Англија минимално триумфираше против Хрватска со голот на Стерлинг, а на дуелот кој се одигра на „Вембли“ во Лондон се случи историја.

Џуд Белингем стана најмлад играч со настап во историјата на Европските првенства, со само 17 години и 349 дена. Вундеркидот на Борусија Дортмунд уште не е полнолетен, а веќе прераснува во ѕвезда на англискиот фудбал.

Белингем ги одигра последните десетина минути од натпреварот, кога влезе на местото од Хари Кејн и испиша историја.

- Оглас -

Најнови вести