Чудото од Португалија – клубот кој е лидер, а досега речиси и немавте слушнато за него

Кога ќе се спомне португалското првенство, веднаш асоцијацијата е на три клуба. Порто, Бенфика и Спортинг имаат освоено речиси три четвртини од трофеите во оваа фудбалска земја. Со почетокот на секоја наредна сезона, дилемата е една, а тоа е кој од триото фаворити ќе успее да стигне до трофејот.

Сезонава, сепак не започна како што планираа фаворитите. По шест одиграни кола, лидер во првенството е екипата на Фамаликао. Кој е пак сега овој клуб, ќе прашаат голем дел и од играчите во спортските обложувалници. Како може екипа за која речиси и да немаа слушнато до пред извесно време, сега да е пред Порто, Бенфика, Спортинг.

ВО 2009 ГОДИНА ИГРАА ВО „СЕЛСКА“ ЛИГА 

Фамаликао е формиран во далечната 1931 година од страна на шестмина другари. Иако има речиси 90 години традиција, ова е клуб кој во своите витрини нема ниту еден позначаен трофеј. Низ историјата може да се пофали дека бил дел од првата португаска лига во сезоната 1946/47, а потоа и во 1978/79. Најуспешниот период на клубот е од 1990 до 1994 година, кога четири сезони во низа беше дел од елитната лига, а најдобар пласман им е 13-тото место.

По тие успешни години, следува константен пад на клубот. Во 2009 година завршува во регионалната лига, која е петто по ранг натпреварување во Португалија. Потоа следува долг пат кон враќање во елитата. Две години помина во четвртата лига, четири сезони беше во третата лига, а четири години беше дел и од втората лига, а во мај оваа година успеа да обезбеди место во Примеира лигата на Португалија.

ГО ПОКОРИЈА СПОРТИНГ ВО ЛИСАБОН

Иако се очекуваше да биде топовско место, посебно за фаворитите, Фамаликао се покажа како најголемо изненадување во најсилните лиги во Европа. Петте победи и едното реми во првите шест кола им го донесоа лидерското место на табелата со 16 бодови, еден повеќе од Бенфика и Порто.

Врвот на досегашниот дел беше победата во понеделникот на гости кај Спортинг во Лисабон. Домаќините на полувремето водеа со 1:0 и беа апсолутни фаворити. Тие што играа на Спортинг, сигурно веќе го имаа заокружено тој пар, но гостите не се предадоа. Со два гола во второто полувреме направија целосен пресврт и го победија Спортинг на негов терен.

ИМААТ ИСТ СОПСТВЕНИК КАКО АТЛЕТИКО МАДРИД

Фамаликао е само уште еден доказ дека чуда во фудбалот уште се можни. Тимот кој е со седиште во Вила Нова, игра на стадионот од 7 500 гледачи. Интересно е што 85 отсто од акциите на клубот ги поседува „Квантум Пацифик груп“. Тоа е истата фирма која има 33 отсто од акциите во шпанскиот гигант Атлетико Мадрид.

Ако досега немавте слушнато за Фамаликао, во иднина може да ви биде и омилен клуб за обложување бидејќи играчите покажаа дека се способни за чуда.

 

- Оглас -

Најнови вести