Да не беше Љуљ, ќе кажевме дека кошов е даден на среќа (Видео)

Реал Мадрид ја прегази Фуенлабрада со 116-61 во полуфиналето на шпанскиот суперкуп и вечерва ќе игра финале против вечниот ривал Барселона, за кој ќе игра повратникот од НБА и најскап играч во Европа, некогашниот член на Реал, Никола Миротиќ.

На дуелот помеѓу мадридските тимови, имаше тотална доминација на „белите“ во чии редови има пет кошаркари кои играа на неодамнешното СП во Кина, меѓу нив и Серхио Љуљ. Човекот кој безброј пати покажал дека знае да даде кош од невозможна позиција, и синоќа беше во елемент, и откако го фаулираа, погоди шут без да го гледа кошот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести