Да не се заборави: Помина година од една од најголемите трагедии во Премиер лигата

Вичај Шриваданапраба, газдата на Лестер кој го создаде тимот што стигна до најнеочекуваната титула во историјата на Премиер лигата пред точно една година трагично го загуби животот во хеликоптерска несреќа. Трагедијата се случи по завршување на мечот против Вест хем (1:1) на стадионот „Кинг Пауер“.

Рутинска беше глетката како хеликоптерот застанува на центарот на теренот, а Вичај со своите најблиски влегува во леталото. Сепак, пред точно една година, се случи трагедија. Хеликоптерот во кој беше Вичај со својата ќерка и уште тројца соработници, се урна и тоа неколку секунди по полетувањето и тоа на паркингот веднаш до стадионот.


Пожарникарите веднаш реагираа, но немаше шанса да се спасат луѓето кои беа во леталото. Човекот кој во 2010 година за 39 милиони фунти го купи Лестер, загина. Вичај ќе остане омилен кај сите навивачи на Лестер. Кога тој го купи клубот, Лестер играше во Чемпионшип и беше во долгови. Новиот газда направи клубот да ги исчисти сите долгови, а успеа да го внесе и во Премиер лигата.

Во сезоната 2015/16, коефициентот дека Лестер ќе биде првак беше 1.500. Сепак дека чуда се случуваат се виде во мај 2016 година, кога Лестер стана англиски првак, а токму Вичај беше херојот од сенка. Лестер и во следните сезони продолжи да игра добро и да завршува во горниот дел од табелата, што значи дека се претвори во еден стабилен клуб од Премиер лигата.

Сепак, тоа што се случи на 27 октомври 2018 година, останува како еден од најтажните денови не само во историјата на клубот, туку воопшто во англискиот фудбал.

 

- Оглас -

Најнови вести