6012 Атлетико Мадрид – Локомотив Москва (21 ч.)
Локомотив на свој терен успеа да остане непоразен од Атлетико, но ситуацијата во Мадрид ќе биде поинаква. Јорганџиите со победа треба речиси сигурно да обезбедат место кое води во Топ 16 фазата, па затоа домаќините сигурно нема да си дозволат луксуз да не ги освојат трите бода.
Иако ќе бидат без Луис Суарес, домаќините имаат доволно квалитетни играчи за да не се плашат за победата против ривалот со кого низ историјата има биланс од четири победи, две нерешени и ниту еден пораз.
Предлог тип: 1&2-4 (1.81)
6014 Интер – Реал Мадрид (21 ч.)
Да се биде или не за двата тима затоа што оној што ќе загуби, драстично ќе си ги намали шансите за нокаут-фазата. Реал Мадрид има големи проблеми бидејќи нема да смета на капитенот Рамос, првиот напаѓач Бензема, како и на Јовиќ, Милитао, Валверде и Одриосола. Кај домаќините ги нема Брозовиќ и Коларов.
Овие два тима меѓу себе имаат одиграно многу мечеви, а интересно е што ниту еден не завршил 0:0. Така се очекува да биде и вечерва на „Џузепе Меаца“.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.73)
6015 Ливерпул – Аталанта (21 ч.)
Пред 20-тина дена Ливерпул го понижи италијанскит тим и победи со 5:0 сред Бергамо. Двата тима имаат големи проблеми со повредени играчи и нема да бидат во најсилните состави, но тоа не значи дека нема да биде возбудливо. Аталанта е тим кој ретко кој успеал да го задржи два меча без да постигне погодок, па на „Енфилд роуд“ може да очекуваме возбудлив меч, а секако домаќинот е фаворит.
Мотив плус за Ливерпул е тоа што со победа ќе си го обезбедни местото во нокаут-фазата.
Предлог тип: 1&3+ (2.07)
6013 Баерн Минхен – Салцбург (21 ч.)
Тука нема дилеми дека Баерн ќе стигне до трите бода, но интересно ќе биде да се види на кој начин ќе го направи тоа актуелниот европски првак. Баварците сезонава во ЛШ во просек даваат по четири гола, а Салцбург тоа најдобро го почувствува на свој терен, кога загуби со 2:6.
И сега головите треба да бидат заштитен знак на Баерн, посебно ако се знае дека и Салцбург е тим кој сака да игра отворено и не се брани.
Предлог тип: 2+I& 4+ (1.88)
6016 Олимпик Марсеј – Порто (21 ч.)
Олимпик е единствениот тим во досегашниот дел од ЛШ што уште нема дадено ниту еден гол, а со Мидтјиланд се и единствени без ниту еден освоен бод. За гостите од Португалија овој дуел е многу позначаен затоа што со евентуален триумф, ќе бидат на чекор од место во нокаут-системот.
За еден поранешен европски првак како Олимпик ќе биде срамота ако пак не успее да даде гол и барем да го освои првиот бод, но и традицијата на двата тима вели дека Порто е голем фаворит. Португалскиот гигант има пет победи и само едно реми во досегашните шест средби со овој ривал.
Предлог тип: Х2&0-3 (1.83)

