Да се уплашиш: Леброн и Јанис ги избраа почетните состави за Олстарот

Најгласаните ѕвезди од двете конференции, Леброн Џејмс и Јанис Адетокумбо ги одбраа стартните состави за главниот спектакл на претстојнитот Олстар-викенд кој ќе се одржи во Шарлот. Во тимот на Леброн првата петорка ја комплетираат актуелниот МВП Џејмс Харден, Кевин Дурант, Кајри Ирвинг и  Кавај Ленард, додека Стеф Кари, Пол Џорџ, Џоел Ембид и ѕвездата на домаќините Шарлот Хорнетс, Кемба Вокер.

Како резерви во составот на ѕвездата на Лејкерс ќе бидат уште Дејвис, Томпсон, Лилард, Симонс, Олдриџ, Ентони – Таунс, Бил и Вејд. На другата страна од клупа ќе играат Мидлтон, Јокиќ, Вестбрук, Расел, Вучевиќ, Лаури и Новицки.

Веќе е познато дека Мајкл Мелоун, тренерот на Денвер, ќе го води тимот на Леброн, додека предводникот на Милвоки, Мајк Баденхолзер ќе биде тренер на тимот на Јанис.

Олстар-викендот започнува во петок, 15-ти февруари, додека собирот на најголемите ѕвезди ќе се одржи два дена подоцна, како и секоја година.

 

- Оглас -

Најнови вести