Да зажалат што победија минимално: Бодо со осум парчиња го декласира Линфилд

Бодо/Глимт славеше со огромни 8-0 во реваншот против Линфилд, резултат кој беше повеќе од доволен да се анулира поразот од 1-0 од првиот натпревар во второто коло од квалификациите за ЛШ.

Актуелниот норвешки првак немаше милост кон противникот, па работата беше завршена само по половина час игра и четири погодоци на домаќините во режија на Ветлесен, Бонифаче, Пелегрино и Сатлнес. За ситуацијата да биде уште полоша за Линфилд, цели 70 минути играа со фудбалер помалку по исклучувањето на Милар во 21-вата минута.

Пелегрино и во вториот дел додаде уште еден гол на своето конто, погоди од белата точка, а на листата стрелци за конечни 8-0 погодија уште Еспејорд и Сампстед.

Во третото коло, Бодо го чека подобриот од двомечот Жалгирис – Малме.

- Оглас -

Најнови вести