Даде гол и имаше непримерна прослава, па погодокот му беше поништен (Фото)

Фудбалерот на Монпелје, Енди Делор, на денешното гостување кај Ним од француската лига кое заврши 1-1, беше главна ѕвезда, и тоа не поради некаква спектакуларна игра.

Делор даде гол, па реши да го исмејува и понижи противникот, со тоа што изеде гумена бонбона во облик на крокодил, а крокодилот е симбол на Ним.

Но, кармата го возврати ударот, па голот на Делор беше поништен, а четири минути подоцна неговиот тим прими регуларен гол.

- Оглас -

Најнови вести