Даде гол против Македонија, сега е на прагот да потпише за Интер

Интер во следните неколку дена може да го официјализира првото засилување за овој летен преоден рок. Нераѕурите се многу блиску до потписот на крилниот офанзивец на Херта, Валентино Лазаро. Како што известуваат италијанските медиуми, трансферот на Лазаро ќе чини вкупно 20 милиони евра, од кои два милиони ќе бидат исплатени како бонуси.

Aвстриецот имаше солидна сезона во дресот на Херта, на 31 натпревар во Бундеслигата запиша три гола и седум асистенции, а кон почетокот на јуни беше еден од виновниците за поразот на Македонија од Австрија со 1-4 во Скопје.

Лазаро и пред неколку години беше цел на Нераѕурите во периодот кога ги бранеше боите на Ред Бул Салцбург, а сега конечно ќе го оствари најголемиот трансфер во досегашниот дел од својата кариера.

- Оглас -

Најнови вести