Дајте ми 250.000 плата и ќе останам

Веќе извесно време траат преговорите меѓу Арсенал и Пјер-Емерик Обамејанг, а сега е познато зошто толку многу одолговлекуваат работите. Капитенот на екипата ѝ поставил услов на управата да му дадат неделна плата од 250.000 фунти и нов договор на три години.

Обамејанг моментално заработува до 180.000 фунти неделно според договорот кој треба да му истече во јуни 2021 година. Иако има 31 година, Габонецот сака да си ја осигура иднината на „Емирати“. Во случај Арсенал да не ги прифати овие услови, клубот може да остане без клучниот играч, односно да го загуби без отштета.

Златната копачка на Премиер лигата од минатата сезона (заедно со Садио Мане и Мо Салах), и оваа сезона е во трка за најдобар стрелец на првенството. Обамејнаг моментално брои 19 погодоци и го дели првото место со Џејми Варди од Лестер.

- Оглас -

Најнови вести