Дали да навива за Англија или за Шкотска? За двете! (Фото)

Шкотските навивачи го окупираа Лондон и цел ден се загреваат за вечерашното соседско дерби на „Вембли“, за нив дуелите со Англија се повеќе од обичен меч, но има и такви Шкоти кои Англија не ја сметаат за странска земја, туку за своја, бидејќи со нив имаат ист пасош, британскиот.

Во тој дух е воспитувано и едно девојче по име Феј, која е од преградие на Единбург во Шкотска, но нејзините родители ја облекоа во дрес на Шкотска и гаќички на англиската репрезентација. И лицето на Феј е пола-пола. На едната страна е нацртано англиското, а на другата шкотското знаме. Кој и да даде гол, малата Феј ќе се радува.

- Оглас -

Најнови вести