Дали детелината со четири листа ќе му донесе среќа на Мурињо?

Жозе Мурињо е кандидат летово да стане тренер на Селтик и во следната сезона да го води европскиот првак од 1967 година. Мурињо пред неколку дена доби отказ од Тотенхем и наводно 58-годишниот Португалец бил заинтересиран за понудата од шкотскиот клуб.

Селтик на 24 февруари го отпушти Нил Ленон и оттогаш е без тренер.

Но, Мурињо е многу скап тренер и не е баш омилен меѓу фановите на Селтикс. Тие уште не му го забораваат односот на играчите на Порто кои во финалето на Купот на УЕФА во 2003 година против Селтик победија во меч на кој многу „мамеа“ и глумеа.

- Оглас -

Најнови вести