Дали е на повидок тренерска бомба, Тухел може да седне на клупата на една од најсилните репрезентации на светот

Поранешниот тренер на Челзи, Томас Тухел, би можело да седне на клупата на англиската репрезентација на местото на Герет Саутгејт, пишува весникот „Телеграф“.

Саутгејт се наоѓа на удар на јавноста и на навививачите поради слабите игри и резултати на Англија, која испадна од елитната дивизија во Лигата на нациите, а медиумите шпекулираат дека тој ќе го напушти селекторското столче по Мундијалот во Катар, каде што Англија е еден од главните фаворити за титулата и на негово место може да дојде германскиот стратег.

Договорот на Саутгејт со Фудбалската федерација на Англија е до 2024 година, но неговиот ангажман зависи од резултатот што Гордиот Албион ќе го оствари на СП во Катар, кое ќе се игра од 20 ноември до 18 декември.

Томас Тухел по поразот од Динамо Загреб во првото коло во Лигата на шампионите доби отказ од Челзи иако минатата година триумфира во елитното натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести