Дали во Јувентус претераа? На пат до Џенова од 180 километри заминаа со авион!

Јувентус вечерва ќе гостува кај Џенова во меч кој е многу важен за двата тима. Домаќините грчевито се борат за опстанок, додека Старата дама е на пат да стигне до нова титула во Серија А. Мечот се игра во 21:45 часот, а гостите веќе се во Џенова и подготвени го чекаат дуелот.

Тоа што е интересно, челниците на Јувентус решија на ова патување кое е само 180 километри да патуваат со авион, а не како што вообичаено прават, а тоа е да одат со автобус. Експедицијата предводена од тренерот Маурицио Сари се реши да патува со чартер-лет за да би го избегнале метежот кој во изминативе неколку недели се создава на автопатот по кој требало да се вози. Во тој дел од Италија се вршат поправки на патиштата и често може да има долги колони и метежи.

Да не се најде во непосакувана ситуација, Јувентус реши тие 180 километри да ги помине со авион. За сите интересни детали поврзани за овој меч, на кој може да видиме битка помеѓу Горан Пандев и Кристијано Роналдо, може да прочитате ТУКА.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести