Далиќ пред мечот со Турција: Ние сме 3,5 милиони, колку Бурса, прашајте како бевме втори и трети на светот!

Селекторот на хрватската репрезентација, Златко Далиќ, рече дека утрешното гостување во Бурса против Турција ќе биде потешко отколку дуелот со Велс, притисокот ќе биде поголем, ќе мора и повеќе да се бранат, но верува во својот тим.

„Турција е квалитетна и незгодна репрезентација, која сега со селекторот Кунц има и дисциплина и организација. Имаат добри поединци кои играат во големи клубови, победија на непријатното гостување кај Ерменија и знаеме дека ќе биде тешко. Наш проблем е што е голема истрошеноста на играчите, но имаме потенцијал како и секогаш. Тешко е постојано да се произведуваат нови играчи, ние сме земја со 3,5 милиони жители, вие Турците сте 85 милиони, голема разлика е тоа. Само тука во Бурса има три милиони луѓе, а ние бевме втори, па трети на светот. Вие прашајте се како успеваме“, рече Далиќ.

- Оглас -

Најнови вести