Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, остро го критикуваше судењето по елиминацијата на неговата репрезентација од Светското првенство 2026. Коцкестите беа поразени од Португалија со 2-1 во драматичен натпревар, кој беше обележан и со неколку контроверзни судиски одлуки.
„Судењето беше многу лошо. Но, Хрватска загуби. Нема да барам изговори. Имавме можност порано да го решиме натпреварот во наша корист“, изјави Далиќ.
Хрватскиот стратег се осврна и на иднината на капитенот Лука Модриќ.
„Ова најверојатно беше неговото последно Светско првенство. Жал ми е што неговата мундијалска приказна заврши на ваков начин“, рече Далиќ.
Сепак, селекторот е убеден дека хрватскиот фудбал има светла иднина.
„Не се плашам за иднината на оваа репрезентација. Имаме многу млади фудбалери кои доаѓаат, а некои од нив денес ги покажаа своите квалитети. Стигнавме до крајот на една прекрасна ера“, порача Далиќ.

