Далтонистот Дилејни на ЕП не ја претставува само Данска, туку 350 милиони луѓе од цел свет

Данскиот репрезентативец Томас Дилејни е првиот познат фудбалер кој јавно има објавено дека е далтонист, а во едно интервју изјави дека најголеми потешкотии имал на контролен натпревар помеѓу Данска и Мексико бидејќи двата тима играле со бели гаќички, со тоа што дресовите биле црвени (Данска) и зелени (Мексико), но тој не ги разликува боите, па имал проблем на теренот.

„Тешко е да се опише. Како да гледам различни нијанси на иста боја. Обично играме во различни бои на гаќички, но тогаш против Мексико и ние и тие имавме бели. Во ред е кога играчите стојат блиску еден до друг, но кога ќе се подигне темпото и тие ми побегнат на периферијата на окото, многу е тешко“, објаснува Дилејни.

Далтонистите најчесто имаат проблем со распознавањето на црвената и зелената боја. Во светот околу 350 милиони луѓе имаат таков хендикеп, но ретко кој од фудбалерите признава дека е далтонист затоа што се плашат дека може да им ја симне цената.

Искусниот Дилејни игра одлично на Европското првенство, досега истрча 43,5 километри, го даде и првиот гол во победата над Чешка во четвртфиналето.

- Оглас -

Најнови вести