Дамата Ана и ѕверот за голови Роберт со потег за респект – Левандовски донираа милион евра

Ана и Роберт Левандовски се приклучија на кампањата #WeKickCorona# со донација од еден милион евра, што е потег за респект.

„Мораме да и помогнеме на заедницата побрзо и побезболно да се справи со Коронавирусот. Сега сме сите во ист тим. Оваа ситуација не засега сите и мора да покажеме одговорност и да бидеме хумани“, изјавија Ана и Роберт за германските медиуми.

Претходно и Леон Горецка и Џошуа Кимих донираа милион евра во истата акција, а се очекува ова да биде пример за уште поголем број на спортисти да и се приклучат на акцијата.

Семејството Левандовски и претходно има учествувано во хумани акции за помош на социјално загрозени луѓе.

- Оглас -

Најнови вести