Дамите одлучуваат – Љајиќ ја послуша поубавата половина, Бешикташ веднаш го суспендира

Адем Љајиќ повторно има многу проблеми и е суспендиран од Бешикташ откако одби да замине во Спартак Москва како позајмен играч. Главна причина е што неговата девојка не сака да се сели и да живее во Москва, а недоразбирањата меѓу Љајиќ и Бешикташ повторно се во фокусот.

Бешикташ и лани се обиде да го продаде или да го позајми офанзивецот во друг клуб, но Љајиќ одбива да замине.

Екссрпскиот репрезентативец е префрлен во вториот тим и ќе тренира со нив сè додека не му биде симната суспензијата. „Црно-белите“ од Истанбул се актуелни шампиони на Турција, а во ланската сезона Љајиќ одигра 22 натпревари и постигна два гола.

 

- Оглас -

Најнови вести